ЗА НАС

Краток историјат

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive
 

ПРО ЕНЕРГО ДОО Битола, e реномирана компанија во областа на енергетиката, основана во 2016г., опфаќајки ги услугите за  проектирање, изведба и надзор на електрични, индустриски и електроенергетски инсталации, проектирање и изведба  на електроенергетски објекти (трафостаници, водови и постројки), мерење и испитување на постоечки инсталации и заземјувачки системи на секаков тип на објекти. Компанијата располага со современо обучен  менаџерски тим и кадар со висок степен на стручност и интегритет, квалитетен инженерски тим како и добро обучени и искусни извршители со соодветни квалификации. Нашата позиција  на пазарот ја оправдуваме со константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот на услугите кои ги нудиме, пред се со набавката на квалитетна опрема за работа и следење на светските трендови во оваа област,што за компанијата резултира со сопствен возен и машински парк.

Визија
ПРО ЕНЕРГО ДОО нуди најдобри услуги за нашите клиенти и инвеститори, тоа го остваруваме со оптимални и конкурентни проектни решенија,  и услуги според светски стандарди и квалитет со прифатливи цени. Ќе продолжиме да работиме на одржување на стекнатото реноме на компанија која работите ги извршува до крај. Од тие причини, ПРО ЕНЕРГО ДОО е посветена кон постојано вложување во развој на сопствените капацитети, со што уште подобро ќе може да одговори на сé поголемиот број на предизвици кои модерните трендови ги налагаат на нашите клиенти. За успешно да одговори на барањата, ПРО ЕНЕРГО Доо инвестира во своите вработени преку постојани обуки, специјализации и сертификати.

Мисија
ПРО ЕНЕРГО Доо  посветува посебно внимание кон компаниите и инвеститорите  кои веќе ја укажале нивната доверба кон нас и ни дозволиле да ја докажеме нашата посветеност и стручност при решавањето на нивните потреби за подобрување на  нивните деловни процеси. Тоа нас уште повеќе не мотивира да се развиваме и растеме, за да можеме во иднина да одговориме на многу покомплексни и посуштински предизвици кај нашите клиенти, со цел не само да го задржиме нивото на нивното задоволство, туку и значително да ги надминеме нивните очекувања.
Во најголем број случаи воспоставената деловна соработка со нашите клиенти ја надминува границата клиент/изведувач и преминува во долгорочно партнерство.

Човечки ресурси
Про Енерго Доо располага со современо обучен  менаџерски тим и кадар со висок степен на стручност и интегритет, квалитетен електроинженерски тим како и добро обучени и искусни извршители (монтери)  со соодветни квалификации.

  1.  3 (три) електроинженери,
  2. 10 (десет) електромонтери,
  3. 2 (два) возачи на градежна машина,
  4. 2 (два) општи работници,
  5. 1 (еден) овластен сметководител,
  6. 2 (два) административни работници.

shutterstock 9833917

Про Енерго

Ул. Стив Наумов бр. 72
Битола, Македонија
+389 78 213 121
info@proenergo.mk

ПРО ЕНЕРГО ДОО Битола, e реномирана компанија во областа на енергетиката, основана во 2016г. , опфаќајки ги услугите за  проектирање, изведба и надзор на електрични, индустриски и електроенергетски инсталации, проектирање и изведба  на електроенергетски објекти (трафостаници, водови и постројки), мерење и испитување на постоечки инсталации и заземјувачки системи на секаков тип на објекти.

 

Ул. Стив Наумов бр. 72  Битола, Македонија | +389 78 213 121 | info@proenergo.mk

Designed & Developed 2018 Elkom Group | web design | hosting solutions | www.elco.eu.mk